СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛЕКАРИТЕ ПО СОЦИЈАЛНА МЕДИЦИНА СО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ

Home Коментари

 

 

Содржина
Новости
Историјат
Членство
Документација
Манифестации
Публикации
Награди
Соработки
Линкови
Слики
Контакт

Информации

  • Одржана е  втората работилница на тема "Квалитетна здравствена статистика во примарната здравствена заштита" на 26-27 Јуни 2009 година во Битола. Сликите од работилницата можете да ги видите овде.

 

  • СЗСМ во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија (одговорна установа од македонска страна заради регистрираната научно-истражувачка дејност) поднесоа предлог - проект на тема Проценка на влијанието на социо - економските фактори врз наталитетот во Република Македонија и Република Словенија до Министерството за образование и наука, по објавен меѓународен конкурс, а во согласност со иницијативите за научна и културна соработка со соодветни институции од Република Словенија. Партнер од Република Словенија е Факултетот за социјални науки, Институт за социјални истражувања од Нова Горица.

 

  •  Заврши пилот - истражувањето од проектот Репродуктивното здравје и правата на населението во Република Македонија, кој СЗСМ го спроведува во соработка со ЕСЕ - невладина организација за еманципација, солидарност и еднаквост која се залага за унапредување на правата и рамноправноста меѓу половите, со посебен акцент врз правата на жените и децата, Ромите и др. Анкетното истражување ќе продолжи од 1 септември 2009 година.

          бвцбвв

                                  Проектниот тим на СЗСМ со претставници на ЕСЕ

  •  Третиот број на списанието "Социјална медицина" во издание на СЗСМ е во процес на лекторирање и наскоро ќе биде објавен на оваа web страница во делот публикации.

Порака

Добредојдовте на Интернет страницата на нашето Специјалистичко здружение!

Ни претставува чест и задоволство да Ви го претставиме по однос на организацијата и функционирањето и воедно Ве повикуваме на заедничка соработка во интерес на подобрување на здравјето на граѓаните на Република Македонија!

Управен одбор на СЗСМ


ВИЗИЈА

Градење на капацитети преку обезбедување на кадровски ресурси кои ќе ги помагаат или ќе се дел од креаторите на новата јавно - здравствена политика во нашата држава, со што ќе придонесат за создавање на здрави услови за живот и работа, за нас сега и за новите генерации во иднина.

МИСИЈА

Афирмација и континуирана медицинска едукација на своите членови од областа на јавното здравство.


ПРОФИЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Специјалистичко здружение при Македонско Лекарско Друштво (кратенка: СЗСМ)

Седиште: ЈЗУ Републички завод за здравствена заштита - Скопје, Р. Македонија

Членови:

  • специјалисти и лекари на специјализација по социјална медицина со организација на здравствена дејност
  • здравствени соработници: правници, економисти, информатичари и др.

Организација:

  • Управен одбор
  • Собрание
  • Комисии

 

free hit counter code download
powered by hit-counter-download.com
 
Copyright © 2008 Специјалистичко здружение на лекарите по социјална медицина со организација на здравствената дејност
Последна промена: 11/09/08