|
| |
- СЗСМ во соработка со невладината организација ЕСЕ
отпочна да работи на проект "Репродуктивното здравје
и правата на населението во Република Македонија"
- СЗСМ во соработка со Институтот за јавно
здравје на Република Македонија (одговорна установа од македонска страна
заради регистрираната научно-истражувачка дејност) поднесоа предлог - проект
на тема Проценка на влијанието на социо - економските фактори врз
наталитетот во Република Македонија и Република Словенија до Министерството
за образование и наука, по објавен меѓународен конкурс, а во согласност со
иницијативите за научна и културна соработка со соодветни институции од
Република Словенија. Партнер од Република Словенија е Факултетот за
социјални науки, Институт за социјални истражувања од Нова Горица.
- Заврши пилот - истражувањето од проектот
Репродуктивното здравје и правата на населението во Република Македонија,
кој СЗСМ го спроведува во соработка со ЕСЕ - невладина организација за
еманципација, солидарност и еднаквост која се залага за унапредување на
правата и рамноправноста меѓу половите, со посебен акцент врз правата на
жените и децата, Ромите и др. Анкетното истражување ќе продолжи од 1
септември 2009 година.

Проектниот тим на СЗСМ со претставници на ЕСЕ
|